Злоупотреба на службена положба

Злоупотреба на службена положба

Согласно Кривичниот законик на РМ член 353 ст.1 и ст.3 злоупотребата на службена положба се казнува со затвор

Злоуотреба на службената положба и овластување
Член 353
(1) Службено лице кое со искористување на својата службена положба или овластување, со пречекорување на границите на своето службено овластување или со неизвршување на својата службена должност ќе прибави за себе или за друг некаква корист или на друг ќе му нанесе штета, ќе се казни со затвор од шест месеци до три години.
(2) Ако сторителот на делото од став 1 ќе прибави поголема имотна корист или ќе предизвика поголема имотна штета или потешко ќе ги повреди правата на друг, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години.
(3) Ако сторителот на делото од став 1 прибави значителна имотна корист или нанесе значителна штета, сторителот ќе се казни со затвор најмалку три години.
(4) Со казна од ставовите 1, 2 и 3 ќе се казни и одговорно лице, одговорно лице во странско правно лице што има претставништво или врши дејност во Република Македонија или лице што врши работи од јавен интерес, ако делото е сторено во вршење на неговото овластување или должност.
(5) Ако делото од ставовите (1) и (4) е сторено при вршење јавни набавки или на штета на средствата од Буџетот на Република Македонија, од јавните фондови или од други средства на државата, сторителот ќе се казни со затвор најмалку пет години.

Судијата Солтир Ташков и наспроти укажувањата на одбраната, наспроти насоките на второстепениот суд во ГЖ-535/15 од 13.10.2015 на Апелационен Суд Штип со кое јасно се укажува дека има утврдени суштествени повреди во >пресудата на Солтир Ташков П4-40/14 од 30.01.2015 и дека истите е потребно да ги отстрани и со правилна примена на материјалното право да донесе правилна и законита одлука, истиот судија без да образложи ниту едно од укажувањата, на ден 30.01.2016 повторно донесува > ИДЕНТИЧНА ПРЕСУДА заведена со број П4-78/15 од 30.01.2016

Криење зад слободно судско уверување и Судски имунитет

Сепак Судскиот имунитет не му дава за право на судијата да суди надвор од Законите и надвор од доказите, а сето тоа да го потпише „Во името на граѓаните на Република Македонија“.

Согласно Пресудата на Врховниот Суд КЗЗ.44 која гласи

ВРХОВНИОТ СУД НА РМ КОНСТАТИРА ДЕКА ЗАКЛУЧОКОТ ЗА ПОСТОЕЊЕ НА ИМУНИТЕТ НА СУДИЈАТА КОЈ ГО ОСЛОБОДУВА ОД ОДГОВОРНОСТ Е НЕПРАВИЛЕН . . . ВО ОВОЈ СЛУЧАЈ ТОКМУ КАКО ПОСТАПИЛ СУДИЈАТА ПРИ ДОНЕСУВАЊЕТО НА РЕШЕНИЈАТА, ТОЈ НЕ ВРШЕЛ НИКАКВА ОЦЕНКА НА ОПРЕДЕЛЕНИТЕ ДОКАЗИ ЗА НИВНАТА ПОДОБНОСТ ЗА ДОКАЖУВАЊЕ НА ОПРЕДЕЛЕН ФАКТ....ТОА НЕ МОЖЕ ДА СЕ ПОДВЕДЕ ПОД ФУНКЦИОНАЛЕН ИМУНИТЕТ НА СУДИЈА ОД ЧЛ.100 ОД УСТАВОТ НА РМ ИЛИ КАКО ПРАВО НА СЛОБОДНО СУДИСКО УБЕДУВАЊЕ. ИМУНИТЕТОТ ЗНАЧИ ЗАШТИТА , СЛОБОДА НА СУДИЈАТА ВО ДОНЕСУВАЊЕ ОДЛУКА НА СУДИЈАТА, НО ТАКВА ОДЛУКА ТРЕБА ДА СЕ ДОНЕСЕ ВО ПОСТАПКА ПРЕДВИДЕНА СО ЗАКОН. ЛИНК

како и Пресудата на Врховен Суд Квп.20/2009

Во обвинителниот акт како и во првостепената пресуда се тврди дека
обвинетите ја злоупотребиле службената положба и тоа првообвинетиот со
искористување, а второобвинетиот со неизвршување. Според оцената на
пониските судови, начинот на сторување на делото се огледа во тоа што
обвинетите постапиле спротивно на членовите 2 и 3 од ЗПП, иако знаеле дека се
работи за недозволени располагања на странките, а во оваа насока не изведувале
какви било докази. Исто така, во образложението нема објаснување зошто
барањата на тужителот во спорните парнични предмети е во спротивност со
членовите 2 и 3 од ЗПП. Во оваа насока, само парафразирањето на наведените
членови од ЗПП, не е доволно објаснување, зошто барањето на тужителите е во
спротивност на членовите 2 и 3.
Според ова, во образложението судовите не ја
утврдиле оправданоста и основаноста на оцената дека во случајот се работи за
располагања спротивни на членовите 2 и 3 од ЗПП, па останува потполно нејасно,
врз основа на што и за што се товарат обвинетите.
Злоупотребата на службената положба како кривично дело се реализира
кога со некои од пропишаните дејствија на сторување, односно несторување,
сторителот на делото, службеното или одговорното лице, прибавува за себе или
за друг некаква корист или на друг му нанесува штета.
Во конкретниот случај, судот утврдил дека со постапувањето на обвинетите,
прибавена е корист за друг, за тужителите во спорните парнични предмети.
Меѓутоа, и покрај тоа што штетата во случајот е квалификаторен елемент на
предметното дело, осудените не се задолжени истата да ја надоместат, односно
таа не е одземена од лицата за кои е прибавена. На овој начин се доведува под
сомнение, дали во дејствијата на обвинетите се содржани сите елементи на
предметното кривично дело, со оглед на тоа што штетата е составен,
квалификаторен елемент на предметното кривично дело, за кое тие се огласени за
виновни и осудени.
(Пресуда на Врховен суд на РМ, Kвp.бр. 20/2009)ЛИНК