Небулози

НЕБУЛОЗИ ВО ПРЕСУДАТА

Сметање на времето по сопствен календар

Најголема небулоза и контрадикторност претставува ставот на првостепениот суд, за тоа дека тужбеното барање кое произлегува од неисполнувањето на обврските во Договорот за деловно техничка и финансиска соработка од 2004 година (како што појасни во завршниот збор и полномошникот на тужителот) НЕ Е ЗАСТАРЕНО бидејки со дејствијата превземени во 2008 година, настапил прекин на застареноста на тужбеното барање за надомест на штета за кое судот утврдува дека застарува за 5 години ?????? Навистина е крајно нејасно и несериозно, на кои тоа дејствија мисли првостепениот суд ?????? Имено, на стр. 7 од пресудата, судот прво самоволно констатира дека тужителот и тужениот (кој тужен????) се договориле (веројатно тужителот и Ристе Љуботенски како потенцијални содружници - иако Ристе Љуботенски не е тужен во барањето за Надомест на штета,туку тужени се правни лица) профитот да го делат после 3-4 години за да почне производството и да закрепне фирмата... Од кои неспорни докази судот го утврдил овој факт?????

 

Понатаму, на истата страна 7 судот наведува дека: „Во м.април 2008 год. веќе тужителот се заинтересирал за своите побарувања, односно неизвршување на обврските на тужениот спрема него, па се обратил во адвокатската канцеларија Поленак, каде што била повикана и Софија Нацева која претходно ги правела документите за соработка помеѓу странките во овој спор. Тужителот веќе на ден 26.04.2013 година пуштил и кривична пријава против тужениот токму за оваа правна работа и тоа на ден 08.04.2013 година, а примена во Основното јавно обвинителство во Скопје на ден 26.04.2013 година. Според овој суд и од цитираните законски одредби јасно произлегува дека тужителот сметано од 05 м. 2008 година веќе презел обврски за остварување на своето побарување, така да во пролета 2013 година веќе има и предлози за времена мерка забрана на располагање со имотот на тужениот, што се потврдува со решението на второстепениот суд за издадената времена мерка, и ако се има сето тоа во предвид значи дека не е поминат рокот од 5 години, како што бара чл.365 од ЗОО.“

Од наведените нејасни и небулозни наводи навистина е нејасно со кои тоа дејствија на тужителот се прекинува застареноста.???? Доколку е ноторен фактот дека Договорот за деловно техничка и финансиска соработка бил склучен на 13.11.2004 година, а во месец април 2013 година тужителот поднел кривична пријава и Предлог за издавање на решение за привремена мерка, тоа апсолутно значи дека поминале речиси девет години, а не пет години како што утврдува судот.

Најчудно од се, врз основа на кои законски одредби или макар судска пракса, првостепениот суд утврдува дека со интересирање на било кој доверител за своите побарувања и со разговор со адвокат, се прекинува застареноста на побарувањето, односно, со тоа што во месец април 2008 година тужителот се интересирал за своите побарувања, па дури бил на разговор и во Адвокатската канцеларија Поленак во Скопје, каде биле повикани и Ристе Љуботенски и Адвокат Нацева (при што Адв. Ланцеларија Поленак сметала дека поднесување на било каква тужба би било неосновано, па не прифатиле да го застапуваат тужителот) всушност се смета дека е прекината застареноста и рокот за застареност почнува одново да тече????

Воедно, дури и доколку хипотетички, се земат во оглед сите уплати за купопродажба на вино на кои се повикува тужителот и се содржани во т.н. Извештај за констатирана состојба, јасно се гледа дека сите уплати се вршени во периодот од 2003 година до јануари 2007 година, а тужбата е поднесена на 12.10.2013 години, односно 6-7 години после било каква уплата, по било кој основ.
Овој став на првостепениот суд може да значи само дека судот самоиницијативно ги менува одредбите за прекин на застареноста утврдени во ЗОО или пак првостепениот суд смета според некој друг календар (на инки, маи, ацтеки..) или пак самиот утврдува нов календар и нов начин на сметање на времето!!!!!

Контрадикторност во датуми на побарувања за надомест на штета

Првостепениот суд премногу наивно ја прифаќа изјавата на тужителот дека во недостаток на други докази, тоа го докажува со некакви писма од двете фирми од Италија и Бугарија, на кои судот не смеел да им поклони верба бидејки се нејасни, неможат да ги заменат уплатите за директна уплата.

Имено, судијата Солтир Ташков му уважува побарување на основа Извештајот за констатирана состојба и писмо од ПИМ ООД во периодот од 2003 година до период во 2004 година - временски период кога тужителот воопшто немал никаква врска ниту со сопственикот на тужените лица ниту пак било каква соработка со тужените, односно далеку пред склучување на Договорот за деловно техничка и финансиска соработка, , кога тужителот и Ристе Љуботенски воопшто не се познавале.

Но, Апелациониот суд правилно утврдил дека наведените писма доставени од тужителот и од тужените, во никој случај не смеат да претставуваат релевантен доказ за тоа дали тужителот вршел лични уплати или не. На ова јасно се укажува и во Вештачењето односно Наод и мислење бр.СВI32/2015 изготвена на 09.07.2015 година од Министерство за правда – Биро за судски вештачења – Скопје. Ваквите а уште помалку релевантни докази во судска постапка, бидејки тоа е спротивно на одредбите од Законот за вештачење, Законот за процена и меѓународните сметководствени стандарди кои имаат задолжителна примена во Р. Македонија .


Уважување на плаќања од ТРЕТИ ПРАВНИ ЛИЦА како лични вложувања

Смешно и иронично е што судијата Солтир Ташков уважувајќи го во целост Извештајот за констатирана состојба, кој како веќе укажавме не преставува Вештачење согласно член 236 од ЗПП, уважува и плаќања од нормални деловни активности со трети фирми како лични вложувања на тужителот, со цел да го набилда салдото и да овозможи поголема противправна материјална корист за тужителот. Имено, судијата Солтир Ташков во самата пресуда укажува дека сите плаќања, односно вложувања како самиот ги квалифицира, се направени од страна сопствени средства на тужителот.

Судијата Солтир Ташков јавно да објасни како може плаќања од ПРАВНИ ЛИЦА да ги уважи како плаќања од ФИЗИЧКО ЛИЦЕ. Според судијата Солтир Ташков ова значи дека било кој може да тужи лично во име побарувања на фирмата и при тоа ДА ОДБЕГНЕ ДА ПЛАТИ ПЕРСОНАЛЕН ДАНОК. Дали е свесен судијата дека со ова ги показува сите Закони за данок ????

Уште повеќе, плаќања од со фирмата АЛТИА ОИ која е во сопственост на ФИНСКАТА ВЛАДА со која тужените друштва имале редовен деловен однос, сега тоа плаќање го уважува како надомест на штета бидејќи

 

 

 

 

 

 

<img src="http://www.obidzakrazbana2milionaevra.mk/wp-content/uploads/2016/dokumenti/dokazi/izvadoci/uplati_pim_2004.jpg" alt="" />
<img src="http://www.obidzakrazbana2milionaevra.mk/wp-content/uploads/2016/dokumenti/dokazi/izvadoci/dogovor_13.11.2004.jpg" alt="" />
<img src="http://www.obidzakrazbana2milionaevra.mk/wp-content/uploads/2016/dokumenti/dokazi/izvadoci/nevazno_potvrdi2.jpg" alt="" />
<img src="http://www.obidzakrazbana2milionaevra.mk/wp-content/uploads/2016/dokumenti/dokazi/izvadoci/Altia_naracka.jpg" alt="" />
<img src="http://www.obidzakrazbana2milionaevra.mk/wp-content/uploads/2016/dokumenti/dokazi/izvadoci/altia.jpg" alt="" />