Претставки по повреда на закон

ПРЕТСТАВКИ ПО ПОВРЕДА НА ЗАКОН

СПРОТИВНО НА ЗАКОН ЗА ПАРНИЧНА ПОСТАПКА

 

Во спроведената парнична постапка пријавениот судија покрај низата намерно направени суштествени повреди спротивно на членовите 206 ст.2 и 236 од Законот за парничната постапка прифати и изведе докази кои не можат да преставуваат докази според ЗПП.
Овој судија за доказ прифати
Извештај за констатирана состојба на економско правно биро на Компанија НМ Скопје и тоа како Вештачење , иако во овој извештај нема стручен наод и стручно мислење и не може да се прифати како вештачење , на што укажува и самиот тужител кој во самата тужба наведува дека тоа е само констатирана состојба која ја констатирал изготвувачот на извештајот врз основа на податоци кажани од тужителот . И самиот тужител во тужбата наведува дека дополнително , кое никогаш не беше доставено, a судијата побараната сума ја уважува во целост од 1.915.458 евра.

Со одредбата од чл.236 од ЗПП е утврдено дека вештачењето го вршат вештаци запишани во регистарот на вештаци, а со одредбата е утврдено дека вештакот дава стручен наод и мислење кои секогаш мора да бидат образложени. Формата и содржината на вештиот наод и мислење, материјалното осигурување од одговорност на вештакот и условите кои треба да ги исполнува вештото лице, се јасно прецизирани во Законот за вештачење .

Во конкретниов случај Извештајот за констатирана состојба на економско правно биро на Компанија НМ Скопје не содржи ниту еден елемент што треба и мора да содржи едно вештачење , ниту пак вештото лице има било каква лиценца , поради што судијата нема законски основ и не можел да го прифати како доказ наведениот извештај, ниту можел да го смета за вештачење, ниту пак да ја заснова својата одлука на тој извештај, особено што според Законот ваквиот нелиценциран „вештак“ не сноси ниту законска, ниту материјална одговорност за она што го тврди во своите “писанија” . Со ова се докажува тенденциозноста при одлучувањето на овој судија при донесувањето на пресудата П-4 бр.40/14 од 30.01.2015 година, поточно неговата злоупотреба на овластувањата што му ги дава ЗПП.

Со одредбата од “кои факти ќе ги земе како докажани одлучува Судот по свое убедување врз основа на совесна и грижлива оценка на секој доказ посебно и на сите докази заедно , како и врз основа на на резултатите од целокупната постапка “.

Ова е таканареченото слободно судиско убедување, но во рамките на доказните средства .
Но оваа законска одредба не му дава право на судијата да носи пресуди надвор од доказите и законските одредби , туку напротив оваа одредба го обврзува судијата на совесна и грижлива оценка на секој доказ поединечно и на сите заедно , да цени и според другите правила од другите науки и струки кои докази можат да се прифатат, а кои не и врз основа на резултатите од сите докази во целокупната постапка да ја носи својата одлука , на што упатува и одредбата од чл.206 од ЗПП.
Во текот на жалбената постапка од тужените до Апелациониот суд во Штип беше доставен Вешт Наод и мислење СВ I 32/2015 од 09.07.2015 година изготвен од Биро за судски вештачења-Скопје по барање на Основното јавно обвинителство Штип во постапка по поднесена кривична пријава од Тужителот Владислав Михаилович Втулкин против Ристе Љуботенски, со кое вештачење децидно се тврди дека Тужителот Владислав Михаилович Втулкин нема никакви вложувања во друштвата Винарска Визба Имако Вино Дооел Штип и Трговско друштво за трговија , производство и услуги Имако ДОО увоз извоз Штип .

Во повторената постапка П4-78/15 од 18.01.2016 судијата Солтир Ташков продолжува со своето самоволие и несовесно и незаконито постапување и одлучување и ова вештачење од Бирото за судски вештачења воопшто не го коментира, дури не го наведува како изведен доказ иако е должен да ги изведе и наведе сите предложени и изведени докази. Ова е крунски доказ дека судијата Салтир Ташков злонамерно и од само нему познат интерес не го изведува доказот прибавен по службена должност од страна на ОЈО Штип, со оглед дека ова е непристрасна , крајно професионална и од страна на со закон овластена институција за изготвување на вештачења во Р.М., ставајќи го таканаречениот Извештај за констатирана состојба со поголема доказна сила наспроти Вештачењето на Бирото за судски вештачења. Судијата Солтир Ташков очигледно и намерно внесува правна несигурност и го руши правниот поредок во Република Македонија.

Претходните наводи укажуваат на директна злоупотреба од наведениот судија на овластувањата кои произлегуваат од ЗПП, а индиректно на тоа укажува и содржината на самата пресуда со сторените бројни суштествени повреди на постапката и нецелосно и погрешно утврдена фактичка состојба со кое нешто се докажува тенденциозноста и намерата на судијата со донесената одлука да го повласти тужителот со целосно усвојување на тужбеното барање на основа Извештај за констатирана состојба и да му овозможи стекнување на значителна противправна имотна корист, а да им нанесе значителна штета на тужените во висина на усвоеното тужбено барање од 1.915.458 евра.

Со одредбата , е утврдено дека првостепениот суд е должен да ги изведе сите парнични дејствија и да ги расправи сите спорни прашања на кои укажал второстепениот суд - Апелационен Суд Штип во своето решение ГЖ-535/15 од 13.10.2015

Оваа законска одредба очигледно не важи за судијата Солтир Ташков бидејки во повторената постапка и со пресудата П-4 бр.78/15 од 30.01.2016 година повторно ги прави истите суштествени повреди, не утврдува потполна и правилна фактичка состојба и повторно неправилно го применува материјалното право. Овој судија е бескрајно дрзок и безобразен со тоа што занемарувајки ги во целост укажувањата на второстепениот суд, донесе идентична пресуда во буквална смисла на зборот, бесрамно копирајќи ја претходната пресуда составена од 8 страни, па во таа сложена copy – paste операција ја избришал само последната реченица од изреката со која го задолжил тужителот со такси за одлука, вложувајќи при тоа огромен стручен труд и напор, допишувајки само 4 нови реченици на последната страна од образложението.

Ова значи дека за овој судија ништо не вредат укажувањата на второстепениот суд ниту пак претходно цитираните одредби, како за него да не важи ниту еден закон. Тој е толку сигурен во себе, не во својата стручност и знаење, туку во своето убедување дека е недостижен за правдата, како судската функција да му е наследена и прави сè што ќе му се посака или му е од некаков интерес, дрско криејќи се зад слободното судско убедување и судскиот имунитет .

Злонамерата на судијата се гледа и во тоа што јасно не се произнесува од што произлегува стварната легитимација на странките и од кои деловни односи , како на страна на тужителот (активната легитимација) така и на страната на тужените (пасивната легитимација) , имајки ги во предвид приложените и изведени докази за севкупните односи помеѓу парничните странки. Судијата на перфиден начин сака да подметне дека тужителот е содружник и во двете тужени друштва како да ги вложил паричните средста кои се досудени со наведените пресуди, иако за тоа нема никаков доказ. Злоупотреба на овластувањето се гледа и од фактот што судијата Солтир Ташков во пресудата целовремено го подметнува и промовира тужителот и му доделува права како содружник и во двете тужени друштва, спротивно од увидот во валидни јавни исправи – тековни состојби издадени од Централниот регистар на РМ, како единствен веродостен и надлежен државен орган да издава јавна исправа кое го потврдува спротивното, игнорирајќи ја доказната сила на јавна исправа согласно член 215 од ЗПП.
Во прилог на ова говори и Решението на Основен суд Штип ВПП бр.15/13 од 13.05.2013 година со кое јасно е констатирано дека тужителот .

СПРОТИВНО НА ЗАКОН ЗА OБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ

Во уводот на пресудата на судијата Солтир Ташков е наведено дека основот на тужбата е долг, но во изреката на пресудата судијата ги задолжува тужените да му надоместат штета во наведениот износ, а во образложението на пресудата судијата не кажува јасно од што произлегуваат побарувањата на тужителот : дали тоа е долг,штета или пак вложувања од тужителот по основ на договорот за деловна техничка соработка или побарувања од дивиденда . Иако основот на тужбата не го врзува судот , судот е должен да каже и во делот на фактичката состојба и во делот на правното образложение, од кој основ произлегуваат побарувањата затоа што зависно од основот се применуваат различни правила од материјалното право . Но и тоа е направено намерно од овој судија за да го избегне институтот застарување на побарувањето, а со тоа повторно да изврши пречекорување на овластувањата.

Иако неправилно, но сепак судот прифатил за утврдено дека сите вложувања од тужителот биле во период од 2003 до 2005 година од кога му е досудена и камата. Тужителот тужбата за надомест на штета ја поднел на 12.10.2013 година. Имајки во предвид дека согласно , и на студент од втора година на правниот факултет му е јасно дека тужбеното барање е застарено, а само на овој судија кој за срамота има долг стаж во судот и тоа само како граѓански парничен судија тоа не му е јасно или поточно злонамерно и од само за него познати причини се прави дека не му е јасно или дека не знае,неправилно применувајки го и материјалното право.Имено, спротивно од пропишаното од Законот е дека застареноста на побарување прекинува кога некој едноставно ќе се заинтересира, а не како што вели Законот член 365 - 5 години од дејствието на штетата која се побарува, односно од датумот на извршената уплата.

ТОКМУ ЗАТОА СУДИЈАТА СОЛТИР ТАШКОВ НЕ ДАВА ОБРАЗЛОЖЕНИЕ ПО БАРАЊЕТО НА АПЕЛАЦИОНИОТ СУД ВО РЕШЕНИЕ ГЖ-535/15, КАДЕ БАРА ДА СЕ УТВРДИ КОГА БИЛЕ ПОСЛЕДНИТЕ ПЛАЌАЊА ПО КОИ СЕ БАРА НАДОМЕСТ НА ШТЕТА . Но и во пресудата П4 78-15 од 18.01.2016, судијата Солтир Ташков не образложува за датумот на уплати туку во целост го прифаќа Извештајот за констатирана состојба доставен од тужителот.Па дури и од таканаречениот Извештај за констатирана состојба се гледа дека последните плаќања биле Јануари 2007 година, а тужбеното барање е поднесено дури во 2013 година, односно 7 години после наводните плаќања.

Дополнително, овој судија прифати за доказ и им даде потполна верба на писма издадени од странски правни лица Дела тофола од Италија и Пим од Бугарија дека тужителот извршил плаќања на тужените, непоткрепени со никакви валидни финансиски документи-исправи од банка за тоа кога и на кој начин тужителот извршил уплата, на кој износ и за која намена и по чив налог, иако и од страна на тужените беа доставени потврди од истите правни лицаПИМ Бугарија и Дела Тофола Италија дека тужителот како физичко лице немал никакви плаќања преку овие фирми на тужените. И вештиот наод и мислење на Бирото за Судско Вештачење - Скопје и насоките од Апелационен суд Штип укажаа на тоа дека и покрај тоа што и тужителот и одбраната доставиле писма од странските фирми, овие писма НЕ МОЖАТ да претставуваат со кој решително се утврдува плаќање. На барањето на Бирото за судско вештачење до тужителот за достава на увид на банкарски документи со кој се вршени плаќањата (налози за уплата) или банкарски изводи,

 

 

 

 

 

 

 

<img src="http://www.obidzakrazbana2milionaevra.mk/wp-content/uploads/2016/dokumenti/zakoni/ZPP/ZPP_clen_236.jpg" alt="" />
<img class="size-full" src="http://www.obidzakrazbana2milionaevra.mk/wp-content/uploads/2016/dokumenti/dokazi/izvadoci/tuzba_nema_vestacenje.jpg" alt="" />
<img src="http://www.obidzakrazbana2milionaevra.mk/wp-content/uploads/2016/dokumenti/dokazi/izvadoci/izvadok_nadomest_na_steta.jpg" alt="" />
<img src="http://www.obidzakrazbana2milionaevra.mk/wp-content/uploads/2016/dokumenti/zakoni/ZPP/ZPP_clen_245.jpg" alt="" />
<img src="http://www.obidzakrazbana2milionaevra.mk/wp-content/uploads/2016/dokumenti/zakoni/ZPP/ZPP_clen_8.jpg" alt="" />
<img src="http://www.obidzakrazbana2milionaevra.mk/wp-content/uploads/2016/dokumenti/zakoni/ZPP/ZPP_clen_366.jpg" alt="" />
<img src="http://www.obidzakrazbana2milionaevra.mk/wp-content/uploads/2016/dokumenti/dokazi/izvadoci/vonparnicna.jpg" alt="" />
<img src="http://www.obidzakrazbana2milionaevra.mk/wp-content/uploads/2016/dokumenti/zakoni/zoo/ZOO_clen_365.jpg" alt="" />
<img src="http://www.obidzakrazbana2milionaevra.mk/wp-content/uploads/2016/dokumenti/dokazi/izvadoci/presuda_zastarenost2.jpg" alt="" />
<img src="http://www.obidzakrazbana2milionaevra.mk/wp-content/uploads/2016/dokumenti/dokazi/izvadoci/apelacija_zastarenost.jpg" alt="" />
<img src="http://www.obidzakrazbana2milionaevra.mk/wp-content/uploads/2016/dokumenti/dokazi/izvadoci/nevazno_potvrdi2.jpg" alt="" />
<img src="http://www.obidzakrazbana2milionaevra.mk/wp-content/uploads/2016/dokumenti/dokazi/izvadoci/nema_bank_izvodi.jpg" alt="" />